Бела куќа: Бајден планира да се кандидира за претседател на следните избори

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден планира да се кандидира на претседателските избори во 2024 година, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

– Да, тоа е неговата намера, им рече Псаки на новинарите.

Популарноста на Џо Бајден (79) опадна во последните месеци, што ги натера некои демократи да се запрашаат дали тој ќе се кандидира на следните претседателски избори, коментираат светските агенции.

Според најновата анкета на Универзитетот Квинипијак, работата на претседателот Бајден ја поддржуваат само 36 отсто од Американците, што е најнизок процент досега во анкетите за Бајден, наведува Си-Ен-Ен.

Најлошиот рејтинг на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, беше 37 отсто во јануари 2019 година, според анкета на Галуп, додека работата на претседателот Барак Обама беше поддржана од најмалку Американци во август 2011 година, 40 отсто.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин