Башеле: Планот на Израел за анексија на Западен Брег ќе биде погубен за целиот регион

Од:

Високата комесарка на ООН за човекови права, Мишел Башеле изјави дека планот на Израел да започне со анексирање на делови од окупираниот Западен Брег ќе има катастрофални последици за регионот.

Нејзиното остро предупредување е дел од бројните повици до Израел да не го спроведува својот план.

Генералниот секретар на ОН, Европската унија и клучните арапски земји се изјаснија против анексијата, велејќи дека тоа ќе го прекрши меѓународното право и ќе ги уништи сите преостанати надежи за воспоставување одржлива палестинска држава, која ќе егзистира покрај Израел.

– Прецизни последици од анексијата не можат да се предвидат, рече Башеле, дополнувајќи дека веројатно ќе бидат погубни за Палестинците, за израел и за поширокиот регион.

Говорејќи за намерата да се воспостави суверенитет на Израел над делови од Западниот Брег, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска оцени дека тоа „нема да ги намали шансите за мир, туку ќе придонесе за мир“.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина