Башар ал Асад ќе прави нова влада

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска му го даде мандатот на новиот премиер, министерот за земјоделие и аграрна реформа Ријад Фарид Хиџаб да ја состави новата сириска влада.

Тој ги поздрави резултатите од изборите, доказ за полезноста од спроведуваните реформи од негова страна.

Хиџаб, од владеачката Баас партија, на фукцијата ќе го замени Адел Сафар, назначен во април минатата година.

Тој функцијата премиер ја вршеше непосредно по почетокот на бунтот против режимот на Асад.

Опозицијата ги бојкотираше изборите оддржани на 7 мај, бидејќи, според неа, тие беа режирани со цел да се засили контролата на Асад во државата.

Реалната власт во земјата е во рацете на претседателот и ограничен круг негови советници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Американците објавија снимка: Русите го соборија нашето беспилотно летало над Сирија

(ВИДЕО)Сериозен инцидент: Три руски Су-35 пресретнаа американско беспилотно летало

ВИДЕО: Руски воени авиони во близок контакт со американски дронови над Сирија

Катерина Ѓуровски

Сириски медиуми: Израел истрела проектили на градот Хомс, повредени тројца цивили

ВИДЕО: Израел ја ракетираше Сирија

Нов израелски воен напад врз Сирија, целта наводно биле ирански воздушни бази

Ана Ололовска