Басеску ги предаде овластувањата

Од:

Романскиот претседател Трајан Басеску ги предаде денеска овластувања на претседателот на парламентот Крин Антонеску, откако Уставниот суд ја потврди неговата суспензија.

Предавањето на овластувањата на претседателот на Парламентот, кој сега е официјално преоден претседател на државата, се одржа зад затворени врати, соопшти канцеларијата на претседателот.

Басеску ги предаде овластувањата непосредно пред референдумот, кој ќе биде одржан на 29 јули, откако Парламентот минатата недела изгласа негово отстранување од функцијата, поради пречекорување на овластувањата со мешање во работата на владата.

На претстојниот референдум ќе биде донесена конечната одлука дали Басеску ќе биде симнат од функцијата.

Уставниот суд денеска треба да одлучи за амандманите со правила за референдум, за кои се залагаат противниците на Басеску од коалицијата на премиерот Виктор Понте.

Владата сака да го промени бројот на потребни гласови за смена на Басеску од мнозинство од вкупниот број гласачи на мнозинство од вкупниот број што ќе излезат на гласање, што може да одлучи за резултатите од референдумот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет