Баросо апелира за обнова на израелско-палестинските преговори

Од:

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска, за време на состанокот со палестинскиот премиер Салам Фајад во Рамала апелираше за повторно почнување на израелско-палестинските преговори.

– Пореметувањата во арапскиот свет, чии сме сведоци, треба да бидат мотив, а не пречка за обновување на преговорите, рече Баросо.

Тој нагласи дека ставањето крај на израелско-палестинскиот конфликт е „стратешки приоритет“ на ЕУ.

Тој вчера ја почна својата прва посета на Израел и на палестинските територии, од кога е избран за претседател на Еврокомисијата.

Израелско-палестинските преговори блокирани се од септември 2010 и покрај напорите на Четворката за Блискиот исток, составена од САД, ЕУ, Русија и ОН.

Би можело да ве интересира

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Израелскиот напад врз Рафа однесе најмалку 30 жртви

А1он

Кина: Палестина мора да стане полноправна членка на ОН

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Протестен марш во Скопје за поддршка на палестинскиот народ во Газа, се бара итен прекин на огнот и давање на хуманитарна помош од буџетот на државата

Предраг Петровиќ