Барние: Следните неколку дена се важни за договорот со Лондон

Од:

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние изјави дека следните неколку дена ќе бидат важни за договорот со Велика Британија да може да стапи во сила на 1 јануари 2021 година.

– Наша одговорност е на овие разговори да им ја дадеме секоја можна шанса за успех. Никогаш порано не се преговарало за таков сеопфатен договор на толку транспарентен начин и за толку кратко време, напиша Барние на Твитер.

Откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и британскиот премиер Борис Џонсон вчера се согласија да продолжат преговорите и напорите за постигнување решение за идните односи со Велика Британија и после претходно утврдениот „краен рок“ за договор, Барние утрово ги информираше претставниците на земјите-членки на ЕУ за моменталната состојба во преговорите.

Разговорите меѓу главните преговарачи на Брисел и Лондон, Мишел Барние и Дејвид Фрост, продолжуваат денеска во Брисел.

Би можело да ве интересира

Состанок на амбасадорите на ЕУ за договорот со Лондон

Катерина Павлова-Николовска

Проблемите во риболовот во последен момент го одложија договорот меѓу Лондон и ЕУ

Постигнат е трговски договор Лондон-Брисел тврди Би-Би-Си

Британија и ЕУ се уште се далеку од пост-брегзит трговски договор

Катерина Павлова-Николовска

Лондон: Нема логика да продолжиме да преговараме со ЕУ ако Брисел не ја смени позицијата

Жарко Настоски

Велика Британија ја напушти Европската унија

Предраг Петровиќ