Барние: Што и да се случи со Брегзит, ЕУ да се подготви за промени

Од:

Европската Комисија им препорача на земјите членки на ЕУ, нивните граѓани и компании да се подготват на време за промени од први јануари 2021, без оглед на тоа дали претходно ќе се постигне договор со Обединетото Кралство. Документот на ЕК опширно ги опишува областите во кои приватните фирми, граѓаните, јавните администрации и сите клучни сектори ќе треба да се прилагодат на крајот на транзицискиот период за Брегзит на први јануари идната година.

Велика Британија и ЕУ сѐ уште не склучиле договор за идното партнерство, што значи дека сценариото за „Брегзит без договор“ останува можна опција.

-Јавните администрации, бизнисите, граѓаните, чинителите ќе бидат погодени од одлуката на Обединетото Кралство да ја напушти ЕУ. По одлуката на британската влада да не го продолжува транзицискиот период после први јануари 2021, со или без договор. Им помагаме да се подготват најдобро што можат, изјави Мишел Барние, главниот ЕУ преговарач за Брегзит.

Препораките на Европската Комисија имаат за цел да ги опфатат сите можни сценарија за да можат земјите членки на ЕУ да се подготват, но нагласува дека овој документ „не го прејудицира исходот од преговорите“, односно дали Брисел и Лондон ќе успеат да се договорат за тоа како ќе изгледа нивното партнерство по први јануари. Кое и да биде сценариото и без разлика на типот на партнерство што ќе го склучат двата блока, неизбежни ќе биде да се појават некаков вид на трговски бариери.

Официјално, Обединетото Кралство ја напушти ЕУ на 31 јануари оваа година со единаесет месеци транзициски период за време на кој повеќето правила на ЕУ продолжуваат да важат за Британците, но без право на глас во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ЕУ нема став за повлекувањето на американската војска од Германија

А1он

Советот на ЕУ одлучи да не ги отвора границите на Унијата за земјите од Западен Балкан

А1он

ЕУ потпиша договор за набавка на 30.000 дози од лекот „Ремдесивир“ за третман на Ковид-19

А1он

ЕУ бара детално објаснување од српските власти околу проверката на сметките на невладините организации

А1он

Дендиас: ЕУ-интеграцијата на С Македонија и Албанија е стратешки избор и за Бугарија и Грција

Ана Ололовска

Недемократските тези и популистички изјави и услови може да го отежнат стартот на преговорите со ЕУ, предупредува Советот на амбасадори

Ана Ололовска