Барние: Не постои можност Брисел и Лондон да склучат трговски договор пред Брегизт

Од:

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние смета дека нема можност Брисел и Лондон да успеат да склучат договор за слободна трговија до март 2019 година, кога Велика Британија ќе ја напушти Унијата.

Според него, во моментот на Брегзит ќе биде подготвена само политичка декларација во која ќе бидат наведени идните трговски односи.

– Усогласувањето на договорот за слободна трговија ќе одземе повеќе време, изјави Барние и додаде дека не треба да има „никакво отстапување“ од страна на Велика Британија за висината на „сумата по разводот“ која беше договорена минатата недела, доколку Лондон сака да преговара за идните односи.

Тој изрази надеж дека на почетокот на следната година ќе може да се претстави почетната варијанта на договорот за Брегзит.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче