Барние: ЕУ нема да ја присили Британија да биде дел од царинската унија

Од:

Шефот на европскиот преговарачки тим, Мишел Барние, по средбата со 27-те амбасадори на земјите членки на ЕУ за Брегзит, ги појасни гаранциите што им ги дава Унијата на Британците за нивното напуштање.

Британскиот Парламент треба повторно да гласа во вторник за договорот за Брегзит, откако пратениците го отфрлија пред неколку недели и додека часовникот отчукува до 29 март, крајниот рок за напуштање на Обединетото Кралство. Доколку не се постигне договор, Британците би напуштиле без договор за Брегзит, што може да предизвика огромни економски и трговски штети.

Британската премиерка, Тереза Меј, од своја страна, предупреди дека доколку пратениците не го изгласаат договорот, Британија може уште долго да остане во ЕУ.

Главниот европски преговарач, пак, по средбите со амбасадорите на земјите членки и со Европскиот Парламент, напиша на Твитер дека арбитражниот панел „веќе му дава право на Обединетото Кралство пропорционално да ги суспендира своите обврски во рамките на бекстопот доколку ЕУ ги прекрши своите обврски“.

Бекстопот е главниот камен на сопнување помеѓу двете страни. Станува збор за заштитен механизам на кој Европската Унија инсистира за да го заштити својот пазар и царинската унија, но Британците стравуваат дека тој де факто ќе значи дека Обединетото Кралство ќе остане дел од ЕУ. Во тој контекст, Лондон бараше дополнителни гаранции од Брисел.

– ЕУ е подготвена да им даде законска сила на сите заложби од јануарското писмо на Туск и Јункер преку заедничка интерпретативна изјава, напиша Барние на Твитер.

Тој се заложи во име на Европската Унија дека Обединетото Кралство ќе има опција да ја напушти царинската унија унилатерално, но дека другите елементи од бекстопот мора да се сочуваат за да се избегне тврда граница на ирскиот остров.

– Обединетото Кралство нема да биде присилено да биде дел од царинската унија против својата волја, напиша Барние.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче