Барние: Без измени во имиграциската политика на ЕУ, ќе има нови Брегзити

Од:

Поранешниот преговарач на ЕУ ​​за Брегзит, Мишел Барние, кој се кандидира за претседател на Франција, предупреди дека други земји ќе го следат примерот на Велика Британија и ќе ја напуштат Европската унија доколку не се сменат правилата за имиграција.

– Оние што сметаат дека Брегзит е зад нас, дека преговорите се одвиваа добро и дека можеме да се вратиме на работа како и обично, прават многу сериозна грешка. Ако ништо не се промени, ќе има други Брегзити, истакна поранешниот еврокомесар за францускиот неделник „Ле Поинт“.

Барние, со претседателска номинација од десничарската Републиканска партија пред изборите во април, предизвика изненадување минатата недела, барајќи од Франција да се ослободи од надзорот на европските судови. На настанот на Републиканската партија минатиот четврток, тој го повтори својот повик за мораториум на имиграцијата во Франција и вети нови правила кои ќе им отежнат на луѓето трајно да се населат во земјата.

– Не можеме да го направиме сето тоа, без да ја вратиме независноста на судството, додаде Барние.

Тој им одговори на критичарите, кои го обвинија за предавство на неговата долгогодишна посветеност на моделот на ЕУ, кој бара од земјите да ги почитуваат европските закони, поддржани од Европскиот суд на правдата.

– Бев Европеец пред овие луѓе и ќе бидам и потоа. Не ми требаат лекции за европска посветеност, објасни Барние.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески