Барање да се запре патувањето меѓу Стразбур и Брисел, поврзано со работата на Европскиот Парламент

Од:

Германски европратеник повика да престане практиката на патување меѓу Стразбур и Брисел, поврзана со работата на Европскиот Парламент, јави ДПА.

ЕП се состанува во францускиот град за своите 12 сесии годишно, но други парламентарни активности се одржуваат во главниот град на Белгија. Поради ова, илјадници вработени и документи мора редовно да се движат меѓу Стразбур и Брисел.

Даниел Фројнд од германската партија Унија 90/Зелени испрати писмо до претседателката на ЕП Роберта Мецола во кое бара укинување на овој систем поради енергетската криза во Европа предизвикана од руската војна во Украина.

„Се соочуваме со акутен недостиг на енергија во Европа“, се вели во писмото. „Додека некои европски граѓани веројатно нема да можат доволно да ги загреат домовите в зима, ЕП непотребно загрева, осветлува и одржува два градежни комплекси во исто време“, вели европратеникот.

Засега нема одговор од Мецола. За ова прашање долго време се дебатира во ЕУ, особено поради еколошки причини, но Франција има цврста контрола врз Стразбур, а промената може да се договори само со едногласност меѓу земјите-членки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска

Нови рации во истрагата за корупција во Белгија, претрес и во Европскиот парламент

Ана Ололовска