Банкрот на католичката бискупија во Пенсилванија

Од:

Римокатоличката бискупија во Харисбург, во американската сојузна држава Пенсилванија, вчера прогласи банкрот, со што стана последна во низата заедници во Католичката црква кои пропаднаа поради финансискиот товар од тужби за сексуални злоставувања.

Објавувањето банкрот следува шест месеци откако бискупијата откри дека на сметките на 106 жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници, уплатила над 12 милиони долари отштета. Оваа бискупија има 250.000 верници.

– Во текот на изминатите неколку години, нашата бискупија беше принудена да се соочи со страшното минато во врска со сексуалното злоставување од страна на свештеници. И покрај сите напори да го намалиме работењето и трошоците, повеќе не сме во можност да ги извршуваме своите финансиски обврски, напиша бискупот Роналд Гајнер во соопштението.

Од почетокот на 2000 година, 20 католички бискупии прогласиле банкрот поради финансискиот притисок создаден од кризата предизвикана од сексуални злоставувања.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана