Банки инвестирале 498 милијарди долари во нуклеарно оружје за три години

Од:

Банки од различни земји инвестирале 498 милијарди долари во нуклеарно оружје во изминатите три години, се наведува во извештајот на Организацијата за заштита на мирот „ПАКС“, јавија белгиски медиуми.

Во документот се посочува дека белгиската банка Ка-Бе-Ес вложила 117 милиони евра од 2013 година во работата на корпорација, која се занимава со производство и поддршка на британскиот нуклеарен арсенал.

Банката Бе-Ен-Пе Париба фортис истиот период обезбедила над 9 милијарди евра за нуклеарната индустрија, со што ја зазема челната позиција во Европа.

Банките Ај-Ен-Џи и Дојче банк исто така учествувале во ваков вид финансирање преку обезбедување заеми или акции во вредност од 457 милиони, односно 3,7 милијарди долари.

Во светот примат меѓу инвеститорите во нуклеарното вооружување имаат банките од САД – 89 милијарди долари биле обезбедени од Блек Рок, Кепитал груп и Вангард.

Во информацијата се додава дека за денеска во Брисел се закажани протести пред седиштата на тие банки во градот.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ

АНАЛИЗА : Банките ги заострија кредитните услови – фирмите и граѓаните „воздржани“ од нови задолжувања !