Банкарите во Швајцарија прогласени за виновни за помагање на „паричникот на Путин“

Од:

Четири банкари кои му овозможиле на Владимир Путин да депонира огромни суми во швајцарските банки се прогласени за виновни за небрежност. Поранешните директори на филијалата на руската Газпромбанк во Цирих добија високи казни затоа што му помагале на рускиот музичар Сергеј Ролдугин да ги пере парите за кои се верува дека му припаѓаат на Путин.

Тројца од осудените банкари се Руси, а еден е Швајцарец. Тие се казнети со вкупно 741.000 швајцарски франци. Обвинетите, чиј идентитет не е објавен во согласност со швајцарскиот закон, имаат намера да поднесат жалба на одлуката на судот.

Ролдугин, наводно, депонирал 50 милиони долари на швајцарски сметки во периодот од 2014 до 2016 година без веродостојно објаснување за тоа како ги добил парите. Во тоа време се претставуваше како виолончелист со скромни примања. Се прослави како музичар, но не заработува големи суми. Тој еднаш за Њујорк Тајмс изјави дека не е бизнисмен, а особено не е милионер.

Затоа се наметна прашањето од каде има толку милиони во швајцарските банки. Имено, добро беше познато дека виолончелистот е близок пријател на Путин, а дури се шпекулираше дека и е кум на ќерката на Путин, пишува Би-Би-Си.

Според швајцарскиот закон, банките се обврзани да ги отфрлат или затворат сметките доколку постојат сомневања за сопственикот на сметката или за изворот на парите. Со големо внимание треба да се однесуваат и кон „политички експонираните лица“. Како познат пријател на рускиот лидер, кој инвестираше милиони во Швајцарија по нелегалната анексија на Крим и последователните санкции против Русија во 2014 година, Сергеј Ролдугин требаше да предизвика сомневања кај обвинетите банкари.

Овој скандал први во јавноста го изнесоа новинари кои пронајдоа докази за сомнителни трансакции, меѓу кои се и оф-шор компаниите на Ролдугин вредни стотици милиони долари, како и неговите сметки во швајцарската банка.

Дури откако овие докази се појавија во медиумите, швајцарското обвинителство започна сопствена истрага. Во нивното обвинение се наведува дека музичарот делувал како „паричник на Путин“ канализирајќи средства преку лажни компании во Кипар и Панама до Гаспромбанк во Цирих.

Би можело да ве интересира

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он

Путин освои над 72 отсто од гласовите во странство

Путин: Русија мора да биде уште посилна, поцврста и поефикасна

Путин освоил огромно мнозинство на претседателските избори во Русија

Горан Наумовски