Банди од Бугарија го измамуваат системот за социјална помош во Холандија

Од:

Полицијата во Холандија истражува за големи измами од страна на бугарски банди со молби за станбена помош и други социјални плаќања од холандскиот социјален систем, соопшти новинарскиот сајт dutchnews.nl.

Според телевизијата Ер-Те-Ел, доверливата истрага покажала дека бандите испраќаат странски државјани во Ротердам, каде впишуваат непостоечки луѓе во општинските регистри, а потоа во нивно поднесуваат барања за станбена и здравствена помош.

Во еден случај еден осомничен бугарски измамник планирал да земе под наем автобуси за да испраќа колку што е можно повеќе луѓе во Холандија да се регистрираат за социјална помош.

Измамниците се регистрираат пред општинските власти во Ротердам со својот документ за идентификација и фалсификуван договор за наем. Тие добиваат официјален број што го даваат на бандата и се враќаат во Бугарија. Бандата потоа може да го искористи овој број за аплицирање за станбена и здравствена помош, што на еден човек може да му донесе меѓу 6.000 и 8.000 евра.

Даночната служба веднаш ја исплаќа помошта, а дури потоа ја проверува легитимноста на барањето, забележува Ер-Те-Ел.

Во реакција за измамата државниот секретар на Министерството за финансии Франс Векер изјави дека е „недозволиво холандскиот даночен систем да се употребува како банкомат“.

Холандија е една од четирите земји во ЕУ кои водат кампања за построги правила за борба со „туризмот за социјална помош“, забележува dutchnews.nl.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија