Бан Ки-мун: Беспилотното летало на Хезболах е непримерна провокација

Од:

Според генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун испраќањето на беспилотно летало од либански Хезболах над воздушното пространство на Израел е „непримерна провокација“ која може да предизвика опасно зголемување на тензиите и закана за стабилнсота на Либан.

Тој пред Советот за безбедност претстави извештај во кој упатува критики и кон Израел. Според него испраќањето беспилотни летала и воени авиони од Израел над либанска територија е непочитување на суверенитетот на Либан.

Генералниот секретар на ОН повика да се разоружа Хезболах и тврди дека граѓанската војна во Сирија го дестабилизира Либан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел