Балтичките земји и Полска го забранија влезот на руски државјани

Од:

Балтичките земји и Полска денеска им забранија на руските државјани да влезат на нивна територија, пренесува ДПА.

dobivaj vesti na viber

Сите четири земји сега веќе не дозволуваат влез на руски државјани со шенген визи заради туризам, работа, спорт или култура.

Тие дозволуваат исклучоци за оние кои веќе имаат престој во европските земји, за политички дисиденти и од хуманитарни причини, пишува ДПА.

Заедничката одлука на четирите членки на Европската унија е реакција на руската инвазија на Украина и доаѓа откако повеќето од нив го суспендираа издавањето визи и дозволи за престој за Русите.

На руските граѓани и натаму им беше дозволено да влезат на нивна територија доколку имаат визи издадени од некои од преостанатите членки на Шенген, што истекува денеска.

Естонската премиерка Каја Калас ги повика другите земји да се приклучат на забраната.

„Мораме да ги искористиме сите достапни алатки за да ја принудиме Русија да ја прекине оваа војна“, рече таа во саботата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

По неколкумесечни разговори, Германија и Полска се договорија за испорака на нафта

А1он

Русија: Успешно тестиравме нова ракета за противракетна одбрана

Ана Ололовска

Патријархот Кирил: Донбас е првата линија на одбрана на рускиот свет

Ана Ололовска

Откриени документи со наводен план за инвазија: Путин сакал да ја освои Украина за 10 дена

Ана Ололовска

Германија: Сè уште важи нашата понуда за распоредување на системот Патриот за Полска

Ана Ололовска

Песков: ОБСЕ ја губи ефикасноста поради односите со Русија

Ана Ололовска