Балтичките лидери повикаа на зголемено воено присуство на НАТО во регионот

Од:

Претседателите и на Летонија и на Литванија ја искористија денешната посета на германскиот канцелар Олаф Шолц на Вилнус за да повикаат на посилно воено присуство на НАТО во балтичките земји со оглед на руската инвазија врз Украина.

dobivaj vesti na viber

Во контекст на самитот на НАТО во Мадрид на крајот на јуни на кој треба да се одлучи дали бројот на војниците на источното крило на Алијансата треба дополнително да се зголеми со оглед на променетата безбедносна ситуација во Европа, и литванскиот претседател Гитанас Науседа и летонскиот претседател Егилс Левитс побараа од воената алијанса да распореди повеќе војници во регионот.

– Самитот на НАТО во Мадрид мора да биде самит на одлуки, изјави Науседа за ДПА пред еднодневната посета на Шолц, додавајќи дека Литванија се надева дека ќе постигне договор со своите сојузници на самитот за „преминување од одвраќање во напредна одбрана, од баталјон во бригада, од воздушна полиција до воздушна одбрана“.

Левитс рече дека исто така се надева оти посетата на Шолц ќе донесе „конкретни предлози“ за зајакнување на одбраната на источното крило на НАТО.

Шолц би требало да разговара со Науседа и премиерите на сите три балтички држави за време на посетата на главниот град на Литванија, при што прашањето за безбедноста на источното крило на НАТО во светло на руската војна во Украина ќе биде на врвот на дневниот ред, се наведува во соопштение од кабинетот на германскиот канцелар.

Потоа Шолц планира да ги посети војниците на Бундесверот стационирани во литванската воена база во Рукла, каде што германската армија ја предводи борбената група на НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хил: Србија ќе влезе во НАТО кога тоа ќе го сакаат нејзините граѓани

Летонските пратеници ја прогласија Русија за спонзор на тероризмот

А1он

Летонија инвестира милијарда евра во ветерници

Ана Ололовска

Медведев: Западот сака да ја уништи Русија

Турција: Финска и Шведска нема да влезат во НАТО ако не си го одржат зборот

Катерина Павлова-Николовска

Чавушоглу: Шведска сè уште не и испорачала на Турција осомничени за тероризам