Балтазар Гарсион ќе го застапува Џулијан Асанж

Од:

Поранешниот шпански судија Балтазар Гарсон, кој стана познат по наредбата за апсење на поранешниот чилеански диктарор Аугусто Пиноче, ќе ќе го застапува основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Гарсон ова го најави вчера пред новинарите во еквадорскиот главен град Кито, во изјава дадена заедно со мајката на Асанж, Кристин.

Шпанскиот правник изјави дека неговите услуги ќе бидат бесплатни и нагласи дека Асанж не е ниту терорист, ниту пират. Тој додека дека одбрана на Асанж е важна поради слободата на говорот, демократијата и човековите права.

Асанж во јуни побегна во еквадорската Амбасада во Лондон и побара политички азил во Еквадор. Тоа се случи неколку дена пред британските власти да ја почнат процедурата за негова екстрадиција во Шведска, согласно одлуката на британското правосудство.

Шведското обвинителство го обвини Асанж за сексуален напад врз две жени. Австралиецот, чиј сајт Викиликс објави голем број американски тајни документи, стравува дека Шведска планира да го предаде на САД, каде може да му биде судено за шпионажа.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА