Бала: Подготвени сме да седнеме со опозицијата околу изборните реформи

Од:

Албанските влаејачки социјалисти ја повикаа опозицијата на средбата за изборни реформи што ќе се одржи следната недела.

По средбата со германскиот парламентарен државен секретар на Германија, Кристијан Ланге, координаторот на парламентарната група на Социјалистичката партија, Таулант Бала рече дека Владата „вложува напори да постигне консензус со Демократската партија“.

-Наша желба е изборните реформи да се исполнат во согласност на широк спектар на албанската политика. Нашите напори да постигнеме широк консензус и со Демократската партија(ПД) ќе продолжат. Следната недела ќе имаме средба со политичките партии за да го искажат своето гледиште, изјави Бала.

Пред можниот бојкот на средбата од страна на ПД, Бала рече дека по средбата, мнозинството ќе продолжи со реформите бидејќи Изборниот законик не може да остане заложник на политиката.

-Никој не смее да го држи во заложништво патот за длабока реформа на изборниот законик на Република Албанија. Извештајот на ОБСЕ има неколку препораки што треба да се решат за да изборите во 2021 година се спроведат со реформиран изборен законик, посочи Бала.

Што се однесува до политичката криза, во која со месеци се наоѓа земјата, тој оцени дека бојкот на институциите повеќе не треба да се случува.

-Бојкотот било на институциите,било на изборите не води никаде. Верувам дека во земјата нема повеќе политички партии, политичари што ќе одат по патот на бојкот. Ние сме подготвени со парламентарната и вонпарламентарната опозиција да соработуваме во корист на изборните реформи во важен процес на интеграција, нагласи Бала.

Кординаторот на пратеничката група на владејачките социјалисти отфрли дека се одржуваат тајни средби со демократите.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија