Баку подготвен за примирје, ерменскиот претседател се закани да ја признае независноста на Нагорно Карабах

Од:

Азербејџан е подготвен за прекин на огнот во реонот на Нагорно Карабах, изјави прес-секретарот на азербејџанското МНР Хикмет Гаџиев, јави ТАСС.

За таа цел „ерменската војска треба да биде извадена од сите окупирани територии според резолуциите на СБ на ОН“. Освен тоа „треба да се гарантира територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан во рамки на меѓународно признаените граници“.

– Азербејџан тврди дека главна причина за нарушувањата на прекинот на огнот и појавата на напнатост е присуството на ерменска војска во окупираните азербејџански територии, рече Гаџиев.

Ерменија и Нагорно Карабах поддржуваат прекин на воените дејствија во регионот и строго почитување на прекинот на огнот, изјави претседателот Серж Саркисјан на средба со амбасадорите на земјите членки на ОБСЕ.

Според ерменскиот претседател е очигледно дека прекинот на воените дејствија и мирното уредување на проблемот е во интерес и на европските земји.

– Ако воените дејствија се разгорат, Ерменија ќе ја признае независноста на Нагорно Карабах, предупреди шефот на ерменската држава.

– Согласно договорот за прекин на огнот од 1994 година, Ерменија ќе продолжи да ги исполнува обврските за гарантирање на безбедноста на населението на Нагорно Карабах, истакна претседателот.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска