Баку: Ослободивме неколку стратешки точки во Нагорно-Карабах

Од:

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека нивните вооружени сили зазеле голем број села и стратешки ридови во регионите Фузули и Џабраил, во непосредна близина на Нагорно-Карабах, јави Тасс.

-Како резултат на контранападот на нашите армиски единици ослободени се голем број села и важни ридови што беа под окупација, рече Анар Ејвазов, шеф на прес-службата на Министерството за одбрана.

-Борбените операции продолжуваат, додаде Ејвазов.

Прес-секретарот на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанијан, возврати дека изјавите на азербејџанското Министерство за одбрана во врска со контролата врз шестте населени места во Нагорно Карабах не одговараат на реалноста.

-Ова е уште една провокација на азербејџанската пропаганда, рече таа.

„За време на ескалацијата на контактната линија во Карабах, азербејџанската страна изгуби четири хеликоптери, 15 беспилотни летала, 10 тенкови и борбени возила на пешадија“, рече Степанијан.

Претходно, Баку ги демантираше информациите на ерменската страна за три уништени тенкови, два хеликоптера и три беспилотни летала на азербејџанските вооружени сили.

„Единиците на Армијата на одбраната на Карабах се борат во северните, јужните и југоисточните насоки на линијата на контакт, спречувајќи го напредувањето на непријателот. Непријателот претрпе големи загуби во човечка сила и опрема“, напиша Степанијан на Фејсбук.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во меѓувреме, се придружи на повиците од Турција, Русија, Франција и ЕУ кон двете завојувани земји за деескалација на судирите и враќање кон преговори.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска