Бајден за обвинувањата против Путин: Проблем е што судот не го признаваат сите, вклучувајќи не и нас

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил воени злосторства и дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за негово апсење е оправдана.

Претходно во петокот МКС издаде налог за апсење на Путин под сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и трансфер на луѓе од територијата на Украина во Русија. САД не го признаваат тој меѓународен суд.

„Мислам дека тоа е оправдано. Проблемот е што не сите го признаваат судот, вклучително и нас. Но, мислам дека тоа испрати силна порака“, им рече Бајден на новинарите.

САД утврдија, независно од МКС, дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина и веруваат дека сторителите мора да одговараат, се вели во соопштението на портпаролот на Стејт департментот.

Потегот на МКС обврзува 123 земји-членки да го уапсат Путин доколку биде пронајден на нивна територија и да го префрлат на судење во Хаг. МКС, исто така, издаде налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, руски комесар за правата на децата, под истите обвиненија.

Русија ги отфрла обвинувањата дека нејзините сили извршиле воени злосторства за време на инвазијата. Кремљ во петокот објави дека налогот за апсење на Путин е срамен и бесмислен, и дека Русија, како и многу други земји, не ја признава јурисдикцијата на МКС.

Римскиот статут, кој го основа МКС во 2002 година, беше ратификуван од 123 држави. Меѓу нив, меѓу другите, не се САД, Кина, Израел, Пакистан, Саудиска Арабија, Турција, Иран и Индија.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија