Бајден во посета на настраданата од ураганот Луизијана, додели федерална помош за Њујорк и Њу Џерси

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска е во посета на Луизијана, настрадана од ураганот Ида, и додели директна федерална помош за Њујорк и Њу Џерси, по катстрофалното невреме што деновиве го донесе ураганот, јави дописникот на МИА од Софија.

Пред поаѓањето за Луизијана, каде треба да се запознае со штетите, Бајден изјави дека ураганот е знак дека „климатските промени се тука“.

-За ураганот Ида не важи дали си демократ или републиканец, дали си од село или град. Уништувањето е насекаде. Се работи за живот или смрт и сите сме во ова заедно, изјави тој.

Во објавениот претседателски итен указ за Њујорк и Њу Џерси се вели дека државите се наоѓаат во вонредна ситуација и затоа се доделува „федерална помош за поддршка на државните, племенските и локалните напори за справување со последиците од ураганот“.

Како последица на торнадото и поплавите од обилните врнежи во североисточниот дел на САД, при што големи материјални штети има во државите Њујорк., Њу Џерси, Пенсилванија и Конектикат, деновиве загинаа 46 лица.

Уредбата на Бајден предвидува помош за локалните власти од страна на Министерството за внатрешна безбедност на САД (ДХЛ) и од Федералната управа за вонредни ситуации (ФЕМА), јави Белата куќа.

Во Луизијана, Бајден ќе се сретне со со гувернерот Џон Бел Едвардс и останати локални официјални лица за проценка на штетите предизвикани од ураганот, што на почетокот на неделата остави огромни материјални штети на крајбрежјето на државата.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин