Бајден во март ќе ја посети Канада, соопшти Белата куќа

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја посети Канада во март, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Белата куќа објавено денеска по билатералната средба меѓу Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо во главниот град на Мексико.

На средбата, претседателот рече дека со нетрпение ја очекува неговата посета, соопшти Белата куќа.

Ова ќе биде прва посета на американскиот претседател на Канада од почетокот на неговиот мандат во јануари 2021 година.

Бајден и Трудо се сретнаа во Мексико Сити пред 10-тиот самит на северноамерикански лидери во вклучувајчи го и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Претседателот Бајден му се заблагодари на премиерот Трудо за ангажманот на Канада во обезбедувањето безбедносна, економска и хуманитарна помош за Украина, се вели во соопштението на Белата куќа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа