Бајден во Кемп Дејвид разговара со тимот за национална безбедност за прашањето за Русија и Украина

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден викендов ќе биде во Кемп Дејвид во близина на Вашингтон и ќе разговара со тимот за национална безбедност за сите аспекти на руско-украинската криза.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки потсети дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретнал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева.

„Претседателот ќе се сретне овој викенд во Кемп Дејвид со неговиот тим за национална безбедност за да разговара за ситуацијата. Некои ќе присуствуваат виртуелно, некои ќе бидат таму лично. Ние, исто така, ќе продолжиме да се консултираме со нашите сојузници и партнери и ќе одговориме следната недела во писмена форма“, рече Псаки.

Нагласувајќи дека Бајден за време на престојот во Кемп Дејвид ќе разговара со некои сојузници и партнери, Псаки рече дека тоа ќе биде одлука за најсоодветните идни чекори.

„Претседателот Бајден е секогаш подготвен да седне на преговарачка маса“, рече Псаки.

Според неа, САД неодамна ја зголемиле безбедносната поддршка за Украина, додавајќи дека Белата куќа исто така го информирала Конгресот за својата намера да и даде хеликоптери Ми-17 на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Додик отпатува за Русија