Бајден во говорот пред ГС на ОН ќе истакне дека не верува во нова Студена војна

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден, кој утре треба да зборува пред Генералното собрание на ОН, ќе нагласи дека „не верува во идејата за нова Студена војна“.

– Бајден утре ќе стави до знаење дека не верува во идејата за нова Студена војна со светот поделен на блокови, изјави неименуван функционер во контекст на ривалството меѓу Вашингтон и Пекинг.

Американскиот претседател „верува во силна, интензивна и принципиелна конкуренција“, додаде истиот извор.

Според него, Бајден сака да и даде до знаење на меѓународната заедница дека „го затворил поглавјето за војната“ и дека отвора поглавје посветено на ефикасна и одлучна американска дипломатија што ќе соработува со сојузниците и партнерите во решавањето проблеми.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин