Бајден вети помош за сите Американци погодени од кризата

Од:

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден вети помош за сите Американци притиснати од економската криза, која неговата идна министерка за финансии ја нарече „американска трагедија“.

– Ја испраќаме оваа порака до сите што сега се борат: доаѓа помош, рече Бајден во Вилмингтон, каде што го претстави својот економски тим.

– Толку многу луѓе едвај јадат и едвај ги плаќаат сметките и киријата, тоа е американска трагедија, рече Џенет Јелен, идната министерка за економија.

Таа додаде дека што е можно побрзо мора да се преземе нешто со цел рецесијата да не направи уште поголема штета.

Бајден рече дека за милиони Американци кои останаа без работа, помошта мора да биде брза, и го повтори предизборното ветување за создавање добро платени работни места и намалување на нееднаквоста.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски