Бајден вети 100 милиони вакцинирани Американци во првите 100 дена од мандатот

Од:

Избраниот американски претседател Џо Бајден најави дека ќе нареди зголемување на производството на опрема потребна за забрзување на процесот на вакцинација против Ковид-19.

Планот на Бајден подразбира отворање илјадници центри за вакцинација во кои пензионирани лекари ќе ги вакцинираат наставниците, вработените во продавниците, повозрасните од 65 години и останатите категории кои се меѓу првите во редот за имунизација.

Во период во кој заразата многу брзо се шири низ САД, Бајден вети дека во борбата со Ковид-19 ќе биде подобар од актуелниот претседател Доналд Трамп и дека во првите 100 дена од неговиот мандат ќе бидат вакцинирани 100 милиони американци. Бајден власта ја презема в среда.

Би можело да ве интересира

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Бајден собра повеќе од 53 милиони долари за неговата кампања во февруари

Бајден ги критикуваше психичките способности на Трамп

Бајден го повика американскиот Конгрес итно да одобри финансиска помош за Украина и Газа

Горан Наумовски

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа