Бајден вели дека ќе биде уште помотивиран да се кандидира за втор мандат доколку Трамп се кандидира на следните избори

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека доколку Трамп се кандидира на претседателските избори во 2024 година, ќе биде уште порешителен да се кандидира за втор мандат. Бајден (79) синоќа имаше интервју емитувано на телевизијата Еј-Би-Си. Запрашан дали има намера да се кандидира американскиот претседател одговори потврдно.

– Но, погледнете, јас прилично ја почитувам судбината. Судбината многупати ми се мешаше во животот. Ако имам добро здравје како што сум сега, повторно ќе се кандидирам, изјави Бајден.

Водителот го праша дали тоа значи дека ќе има реванш против Трамп.

– Секако. Зошто не би се кандидирал повторно против Трамп? Всушност, тоа би ја зголемило веројатноста да се кандидирам.

Бајден стана најстариот претседател во историјата на САД, кој положи заклетва кога ја презеде функцијата на 20 јануари.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин