Бајден става потпис на еден од најзначајните закони за борба со климатските промени

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден денеска треба да го одобри нацрт-законот за климатски промени и здравствена заштита предложен од демократите.

dobivaj vesti na viber

Легислативата вклучува една од најзначајните федерални инвестиции во историјата на борбата против климатските промени во висина од околу 375 милијарди долари до крајот на оваа деценија.

Исто така, законот предвидува намалени трошоци за лекови добиени со рецепт до 2.000 долари годишно за корисниците на Медикеар. Законот предвидува околу 13 милиони Американци да добијат исплати за здравствено осигурување со продолжување на субвенциите обезбедени за време на пандемијата на коронавирус.

Легислативата се финансира од новите даноци на големите компании.

Претставничкиот дом во петокот ја одобри мерката со 220 наспроти 207 гласа.

Таа помина во Сенатот неколку дена порано, а гласот на потпретседателката Камала Харис (потпретседателот на САД има мандат и на претседател на Сенатот), го пресече резултатот од 50-50.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден вети дека САД никогаш нема да ја признаат анексијата на украинските региони, најави нови санкции за Русија

(ВИДЕО) Бајден со нов гаф: И се обрати и побара почината конгpeсменка „Џеки каде си, каде е Џеки?”

А1он

Бајден ги повика нафтените компании да не ги зголемуваат цените на горивата злоупотребувајќи го ураганот Иан

Горан Наумовски

Вучиќ: Не се борам за Путин или Бајден, не ми е гајле за странските лидери

А1он

Бајден: Референдумите за анексија на четирите украински региони се измама

Шокантно однесување на Путин и Бајден

Ана Ололовска