Бајден со честитка за Божиќ до православните христијани

Од:

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, во соопштение денеска ги поздрави православните христијани по повод православан Божиќ.

-Заедно со Џил пожелуваме среќен Божиќ на православните христијани во САД и насекаде низ светот. Ова заветно време годинава изгледа поинаку од сите претходно. Многу семејства ги оплакуваат блиските, чие место на трпезата останува празно, или се откажуваат од омилените празнични традиции заради заемна безбедност. Уште повеќе, со славењето на раѓањето на Исус Христос ние помниме како верата, надежта и љубовта продолжуваат да го осветлуваат патот дури и во најтемните денови, и не крепат во моментите на најтешки искушенија, изјави Бајден

-Со одбележувањето на значајниот удел на православните христијани во животот на САД, и во целиот свет, го потврдуваме правото на сите луѓе да практикуаат вера по свој избор, и ја истакнуваме нашата приврзаност кон заштита на верските малцинства, кои секојдневно се судираат со дискриминација и насилство. Гледаме со надеж во Новата година и заедно со нашите православни браќа и сестри се молиме за мир, правда и заздравување во целиот свет, истакна новозибраниот претседател на САД.

Би можело да ве интересира

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

Американските муслимани започнаа кампања против Бајден

Горан Наумовски

ВИДЕО: Американскиот претседател Џо Бајден го напушти студиото пред да се одјави емисијата

Предраг Петровиќ

Бајден на пат го чуваа седум жени од Тајната служба

Бајден заплака во Ирска

На американскиот претседател му бил дијагностициран рак, канцерогеното ткиво отстрането