Бајден: Следниот месец веќе ќе имаме половина милион мртви, вакцинирањето досега е „мрачен неуспех“

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека бројот на американски жртви од коронавирусот следниот месец најверојатно ќе достигне 500.000.

На настан во Белата куќа, Бајден рече дека процесот на вакцинација досега бил „мрачен неуспех“ и најави дека неговата нова стратегија за борба против вирусот на 198 страници, која ја претстави денеска, цели на масовна вакцинација на американските граѓани со давање на 100 милиони дози од вакцините во првите 100 дена од неговиот мандат.

„Нашата национална стратегија е сеопфатна, базирана на наука, а не на политика. Таа се базирана врз вистина, а не врз негирањето, и е детална,“ рече американскиот претседател.

„Работите ќе се влошат пред да се подобрат“, додаде Бајден, повикувајќи ги граѓаните да носат заштитни маски барем во следните 100 дена, за да се подобри критичната состојба со епидемијата.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“