Бајден се сретна со папата Франциск

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Рим се сретна со папата Франциск.

„Ми беше чест денеска повторно да се сретнам со папата Франциск во Ватикан. Му се заблагодарив на Неговата Светост за неговото застапување за сиромашните во светот и оние кои страдаат од глад, конфликти и прогонство, и го пофалив неговото лидерство во борбата против климатската криза и ставање крај на пандемијата“, напиша Бајден на Твитер.

Средбата со папата траела невообичаено долго, околу еден час и 15 минути.

Бајден по состанокот изјави дека папата Франциск му рекол оти треба да продолжи да се причестува, а на прашањето дали се разговарало за абортус, американскиот претседател одговори дека папата му рекол дека е среќен што е добар католик.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин