Бајден се обрати по повод новиот вид на коронавирусот

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден денеска се обрати до нацијата и одговараше на прашања околу новиот вид на Ковид-19. Именуван како Омикрон, вирусот најпрвин беше откриен во Јужна Африка, за потоа да се прошири најмалку во 14 земји.

Претседателот рече дека Омикрон е причина за загриженост но не и за паника, уште еднаш повика на масовна вакцинација во земјата и истакна дека е неопходно да се зеде и третата, засилувачка доза. Тој истакна дека Администрацијата активно работи со производителите на вакцини за вакцинација на сите Американци.

На брифингот на кој тој одговараше на прашања од новинари, учествуваше и Антони Фаучи, главниот експерт за инфективни заболувања во Белата куќа.

Бајден денеска се среќава со раководителите на повеќе компании за да посочи на проблемите со снабдувањето и инфлацијата за време на празничната сезона на шопинг, а во сенка на новата варијанта на коронавирусот.

Инаку, Администрацијата презеде низа мерки за намалување на инфлацијата која пред некое време достигна максимално ниво во изминатите 31 година. Мерки со кои се намалуваат пречките во снабдувањето како растоварување на пристаништата и давање повеќе време за премин на камионите по автопатиштата на земјата.

Тој истакна и дека се води истрага за зголемените цени на транспортните услуги и за можните незаконски дејства со местење на цената на бензинот.

Шефот на белата куќа денеска се среќава со првите луѓе на компаниите Best Buy, Food Lion, Samsung North America, Qurate Retail Group, Todos, Etsy, Mattel и Kroger.

Виртуелно пак ќе се приклучат и генералниот директор на Walmart Даг Макмилон и генералниот директор на CVS Health Карен Линч.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми