Бајден: Русија ја прекрши Повелбата на ОН

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот говор пред Генералното собрание на Обединети нации изјави дека војната на Русија во Украина „ја замрзнува крвта во жилите“.

Тој потести дека со оваа војна Москва ја прекршила Повелбата на ОН.

– Оваа војна е да се уништи правото на Украина да постои како држава. Каде и да сте, каде и да живеете тоа треба да ви ја замрзне крвта во жилите, рече Бајден, додавајќи оти постојат „застрашувачки докази“ за извршени воени злостосртва на Русија.

– Ако нациите можат да водат империјални амбиции без последици поредокот по Втора светска војна се урива. Со сојузниците, сме солидарни со Украина против руската агресија.

Бајден исто така се осврна и на безбедноста во снабдувањето со храна и вети 2.9 милијарди долари за борба гладот во светот, а тоа го поврза со руската инвазија, укажувајќи дека Москва ја влошила кризата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он

Путин освои над 72 отсто од гласовите во странство

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски