Бајден повика на тримесечно замрзнување на данокот на гориво

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот на САД да ги замрзне федералните даноци за бензинот и дизелот за три месеци.

Бајден ги повика и државите да ги замрзнат даноците за бензинот или да обезбедат слични поволности. Тој ја критикуваше енергетската индустрија што дава приоритет на профитот пред производството.

Данокот на бензинот е 18,4 центи за галон (околу 3,78 литри), а на дизелот 24,4 центи за галон.

„Знам дека ова нема да ја намали сериозноста на проблемот, но ќе биде од голема помош“, рече Бајден за неговиот предлог, имајќи ги предвид напорите на администрацијата да го спречи зголемувањето на цените на бензинот.

„Јас го правам она што зависи од мене. Сакам и Конгресот, американската влада и индустријата да ја завршат својата работа“, рече американскиот лидер.

Идејата за замрзнување на данокот за гориво наиде на силно противење во Конгресот, вклучително и од многу демократи.

Високите цени на бензинот се голем политички проблем за Бајден и демократите во Конгресот, кои се борат да ја задржат контролата над највисокото законодавно тело на вонредните избори во ноември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа