Бајден победи во Џорџија, потврди државниот секретар Рафенспергер

Од:

Државниот секретар на Џорџија Бред Рафенспергер официјално ја потврди тесната победа на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден пред актуелниот претседател Доналд Трамп во таа сојузна држава. По рачното пребројување на гласовите, Бајден во Џорџија победи со 12.284 гласови, пренесува Би-Би-Си.

Рафенспергер, кој е републиканец, претходно даде две спротивставени изјави за исходот на изборите.Откако рече дека рачното пребројување на гласовите покажа дека Бајден победил во Џорџија, еден час подоцнарече дека резултатите допрва треба да бидат потврдени, наведува Си-Ен-Ен.
Бајден е првиот демократски претседателски кандидат што победил во Џорџија од 1992 година.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин