Бајден: Остварена е целта од 200 милиони дози вакцини за 100 дена

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД влегуваат во нова фаза од процесот на вакцинирање и дека сега вниманието се префрла од набавката на вакцини за најранливите кон општата популација.

Бајден вчера најави нови даночни олеснувања за малите фирми што на работниците им даваат слободни денови за вакцинација против Ковид-19, изразувајќи задоволство што граѓаните во земјата примиле 200 милиони дози на вакцината во првите 100 дена од неговиот мандат.

Даночните олеснувања се дадени според законот усвоен минатиот месец и ќе можат да ги користат компаниите со помалку од 500 вработени.

Бајден ќе ги повика сите компании да понудат слободни денови, како и други стимулации, како што се картички за подароци или бонуси, со цел да ги охрабри вработените да се вакцинираат, пренесе Ен-Би-Си Њуз.

-Ниту еден Американец кој работи не треба да изгуби ниту еден долар од платата затоа што избра да ја исполни својата патриотска должност да се вакцинира, кажа Бајден.

Тој додаде дека земјата влегува во нова фаза од процесот на вакцинирање и дека сега вниманието се префрла од набавката на вакцини за ранливите категории кон општата популација.

-Едноставно кажано, ако чекавте да дојде вашиот ред, не чекајте повеќе. Сега е време да се вакцинираат сите постари од 16 години, рече тој.

Пресвртницата од 200 милиони дози значи дека околу половина од возрасните Американци примиле барем една доза на вакцината, додека околу една третина се целосно ревакцинирани.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски