Бајден: Онаму каде што Трамп беше кукавица, јас ќе бидам одлучен

Од:

Демократскиот кандидат за Белата куќа Џо Бајден го критикуваше однесувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со кризата во Хонг Конг, каде Пекинг воведе закон за национална безбедност, ветувајќи дека ќе го заостри ставот на САД во однос на кршењето на човековите права доколку победи на изборите.

– Претседателот Трамп повеќе пати се одрекуваше од нашите вредности и ги уверува кинеските автократи дека имаат некој во Белата куќа кој мисли како нив. Онаму каде што Трамп беше кукавица, јас ќе бидам одлучен, јасен и доследен во одбраната на нашите вредности, рече Бајден.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во вторникот го потпиша законот за национална безбедност на Хонг Конг.

Критичарите на законот велат дека со него се обидува да се замолчи опозицијата во Хонг Конг. Законот го прогласува кинеското судство надлежно за „тешки“ безбедносни закани и предвидува доживотен затвор за кривични дела против националната безбедност.

Бајден најави уште построги мерки, велејќи дека ако победи на изборите, тој ќе „обезбеди“ целосна имплементација на законите за човекови права во Хонг Конг и Ксинџијанг, каде што Кина, според Вашингтон и другите западни престолнини, во политички логори држи најмалку еден милион муслимани.

– Веднаш ќе наметнам економски санкции ако Пекинг ја прошири својата цензура на нашите брегови и се обиде да ги замолчи нашите граѓани, бизниси и институции, предупреди Бајден.

Би можело да ве интересира

Американскиот епидемиолог Фаучи ќе добие обезбедување, има смртни закани поради пандемијата

А1он

САД загрижени за Србија: Има селективна примена на закони кон граѓанското општество и истражувачките новинари

А1он

Лос Анџелес ќе им исклучува струја и вода на граѓаните кои прават домашни журки за време на пандемијата

А1он

Стејт департментот објави детален извештај за организацијата на руската пропаганда

А1он

САД даваат 10 милиони долари за информации околу луѓе што се мешаат во изборите

А1он

Трамп би можел да го одржи говорот на републиканската конвенција во живо од Белата куќа

А1он