Бајден: Одлуката на Врховниот суд за абортусот ја врати Америка 150 години наназад

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска по повод одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот изјави дека ова е тажен ден за земјата и вети дека ќе направи се што е во негова моќ за да ги заштити правата на жените.

„Одлуката на Врховниот суд буквално ја врати Америка 150 години наназад бидејќи ги постави државните закони од 1800-те кои го криминализираат абортусот како објаснување“, рече Бајден во обраќањето во Белата куќа, откако Врховниот суд ја укина пресудата стара 50 години со која беше легализиран абортусот низ целата држава.

Тој додаде дека Врховниот суд им го одзел уставното право на Американките, пренесува Си-Ен-Ен.

„Не го ограничија, едноставно го одземаа. Ова е тажен ден за судството и земјата“, рече Бајден.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана