Бајден: Купете сачмарка наместо автоматско оружје

Од:

Американскиот потпретседател Џо Бајден препорача Американците да не купуваат автоматско оружје туку сачмарки.

Бајден, кој е на чело на комисија задолжена за предлог за посилна контрола врз оружје, сугестијата ја даде одговарајќи на прашања поставени на страничка на Фејсбук.

Тој вели дека има две сачмарки и ги држи заклучени на имот во Делавер, и оти на сопругата Џил и дал прецизни упатства што да прави ако се појават „проблеми“.

– Живееме во обаласт која е пошумена и издвоена. И реков на сопругата дека кога ќе помисли оти постои проблем, едноставно да излезе пред домот и да отвори оган од двете цевки. Гарантирам дека по тоа кој да тргне накај куќата, веднаш ќе се откаже. Не ни е потребно борбено оружје и не ви требаат 30 куршуми за заштита. Купете сачмарка, советува Бајден.

Американскиот потпретседател е задолжен за спроведување план на Обама за намалување на насилствата по масакрот во основно училиште во Њутаун во Конектикат кога во декември напаѓач уби 20 деца и шест возрасни лица.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност