Бајден ќе го прими Шолц во Белата куќа на 7 февруари

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ќе го прими германскиот канцелар Олаф Шолц во Белата куќа на 7 февруари, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

„Тие ќе разговараат за обврската да се продолжи преку дипломатски пат и заеднички напори за одвраќање на Русија од агресија врз Украина“, рече таа во соопштение.

Во Париз вчера се одржа состанок меѓу Русија и Украина со француско-германско посредство за решавање на украинската криза, а во тој состав е најавена нова средба за две недели во Берлин.

Состанокот во Париз се одржа откако САД и НАТО писмено одговорија на барањата на Русија за смирување на тензиите.

Русија распореди десетици илјади војници на границите на Украина во последните месеци, што предизвика страв од инвазија. Иако Москва негира каков било таков проект, Кремљ инсистира на писмени гаранции за неговата безбедност, вклучително и ветување дека Киев нема да се приклучи на НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин