Бајден ја зголеми годишната квота за прием на бегалци на 62.500

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден официјално го подигна ограничувањето за прием на бегалци на 62.500, откако во изминатиот период се соочи со критики бидејќи доцни со измената на рекордно ниската квота од 15.000, која ја постави неговиот претходник Доналд Трамп.

Бајден порача дека новата граница го брише историски нискиот број, поставен од претходната администрација, додавајќи дека одлуката на Трамп не ги одразувала американските вредности како нација која прифаќа и поддржува бегалци.

Тој истакна дека е тажна вистината оти САД до крајот на фискалната година во септември нема да ја достигнат границата од 62.500, со оглед на пандемијата и ограничените можности за преселби во земјата, а неговата администрација претходно соопшти дека американскиот претседател останува посветен на целта, поставувајќи ограничување на 125.000 бегалци за фискалната 2022 година која почнува во октомври. Исто така, се работи на подобрување на државните способности за прием на бегалци, со цел колку е можно повеќе од нив да бидат прифатени согласно новите квоти.

Агенциите кои се занимаваат со проблемот на бегалците во САД ја поздравија одлуката на Бајден, откако со месеци го критикуваа поради тоа што времено ја поддржувал квотата поставена од Трамп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп го прозва Бајден: Не е чудо што земјата ни оди по ѓаволите

Катерина Павлова-Николовска

Кремљ го поздрави американскиот здрав разум за стратешкиот дијалог

Ана Ололовска

ООН го поздравија состанокот меѓу Бајден и Путин, западните медиуми го оценија како „прагматичен“

Жарко Настоски

ВИДЕО: Бајден по средбата со рускиот лидер: Му кажав на Путин дека не сум против Русија

Жарко Настоски

Бајден и Путин заеднички изјавија: Светот никогаш не треба да види како изгледа нуклеарна војна

Жарко Настоски

Заврши средбата во Женева, Путин вели: Бајден е различен од Трамп, се трудиме да се разбереме

Жарко Настоски