Бајден ја разгледува кандидатурата на генерал Остин за шеф на Пентагон

Од:

Новоизбраниот претседател, Џо Бајден ја разгледува кандидатурата на пензионираниот генерал Лојд Остин за министер за одбрана а САД, објави „Аксиос“ повикувајќи се на свои извори.

Во случај кандидатурата да биде одобрена, Остин ќе стане прв Афроамериканец, шеф на Пентагон.

Лојд замина во пензија во 2016 година. Дотогаш ја предводеше Центарaлната команда на воените сили на САД. Бидејќи тој е во оставка од државни или армиски функции, во случај неговата кандидатура да биде прифатена, за негово назначување ќе треба специјално одобрување од Конгресот.

Како што наведува „Аксиос“ другите имиња за функцијата министер за одбрана на САД што претходно се вртеа беа поранешниот главен специјалист за Русија, Мишел Флурној, како и Тими Дакворт, воен ветеран. Според сознанијата на Политико, во најтесниот круг се кандидатите Флурнои, Даквор и Џек Рид, сенатор од Роуд Ајленд.

Од „Аксиос“ пак дознаваат дека најпрво се разгледувала кандидатурата на Флурној, но потоа во дискусијата околу прашањето се изнеле такви фактори како расната припадност, искуството и нивото на комфорт за Бајден.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин