Бајден ја одбра Камала Харис да „трча“ со него како кандидатка за потпретседател на Демократите

Од:

Кандидатот на демократите на претседателските избори во САД, Џозеф Бајден, ја назначи сенаторката Камала Харис за кандидат за функцијата потпретседател на државата.

Одлуката на Бајден е историска затоа што Харис ќе биде првата црна жена во историјата на САД што ќе биде кандидат за претседател или за потпретседател на државата.

Поранешниот потпретседател на САД, за време на администрацијата на Барак Обама, призна дека црните гласачи ќе играат важна улога во неговите напори да го поразат актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, на изборите на 3 ноември.

„Имам голема чест да објавам дека ја избрав Камала Харис, бестрашен борец за малиот човек и еден од најдобрите јавни службеници во земјата, како кандидат за потпретседател. Заедно ќе го победиме Трамп”, објави Бајден на Твитер.

Харис, е 55-годишна адвокатка и сенаторка од Калифорнија.

Таа е една од најпознатите личности на таа партија и брзо стана фаворит за позицијата кандидат за потпретседател кога се откажа од борбата за Белата куќа.

Пред да влезе во Сенатот, таа беше министерка за правда на Калифорнија шест години, а пред тоа беше окружен правобранител во Сан Франциско.

Би можело да ве интересира

Тајм: Фаучи во списокот на 100 највлијателни луѓе за 2020 година

Ана Ололовска

Американскиот долг во 2050 година е проектиран на 195 отсто од БДП-то

Ана Ололовска

„Инцидент“ со авионот на Пенс

Ана Ололовска

Гутереш го повика светот да спречи Студена војна меѓу САД и Кина

А1он

(ВИДЕО) Гренел: Договорот што го потпишаа Србија и Косово ќе отвори нови работни места во регионот

Горјан Грнчаровски

Службеник на њујоршката полиција обвинет за шпионажа во корист на Кина

Ана Ололовска