Бајден: Имам цврста украинска гаранција дека Ф-16 нема да се користи на руска територија

Од:

Во изјава за медиумите денеска на самитот на Г7 во Хирошима, американскиот претседател Џо Бајден вели дека има цврсто ветување дека Украина нема да користи борбени авиони Ф-16 за напад на руска територија.

Сепак, тој додаде дека Ф-16 би можеле да бидат корисни секаде каде што руската војска е на украинска територија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател за борбените авиони Ф-16. „Да, долго време работиме политички на ова со нашите партнери. Навистина сме им благодарни на САД за оваа помош“, додаде тој.

Зеленски рече дека е важно украинските пилоти да поминат обука што е можно поскоро и посочи дека се уште не се знае колку авиони ќе добијат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци