Бајден идната недела во посета на Израел и на Саудиска Арабија

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ќе ги посети Саудиска Арабија и Израел следниот месец, а Белата куќа планира да објави за посетата оваа недела, јавија американски медиуми, повикувајќи се на извор запознат со плановите.

Според изворот, за време на посетата на Саудиска Арабија, Бајден би можел да се сретне со престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД потврди дека Бајден планира патување во Израел и Саудиска Арабија.

„Засега немаме дополнителни детали за посетата, но ќе ги објавиме веднаш штом ги имаме“, рече портпаролот.

Целта на посетата би била зајакнување на врските со Саудиска Арабија во време кога Бајден се обидува да најде начин да ги намали цените на бензинот во САД.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран