Бајден и „заврте грб“ на Украина?

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал да организира телефонски разговор со Џозеф Бајден, но разговорот не се одржал, јавува телевизијата Си-Ен-Ен.

Тој побарал разговор веднаш по ракетниот инцидент на територијата на Полска.

„Бајден и Зеленски не разговараа во вторникот вечерта, без оглед на барањата на украинскиот лидер да го организира тоа… Американскиот претседател не разговараше директно со Зеленски ниту во средата“, извести Си-Ен-Ен.

Истата телевизија, повикувајќи се на добро упатени извори, објави дека Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на американскиот претседател, откако Зеленски ја обвини Русија за ракетниот инцидент, предложи Киев да биде повнимателен кога го коментира инцидентот во Полска.

„Околу еден час откако стана познат инцидентот, Владимир Зеленски во вечерното видео обраќање изјави дека „руски проектили паднале врз Полска“… Саливан брзо се јавил во канцеларијата на Зеленски по тие изјави и апелирал до официјалните лица да зборуваат повнимателно за инцидентот“, информира американската телевизија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат