Бајден и Путин телефонски ќе разговараат за актуелните теми

Од:

Претседателите на САД и на Русија, Џо Бајден и Владимир Путин денеска ќе разговараат телефонски, соопштија Белата куќа и Кремљ.

Белата куќа соопшти дека Бајден и Путин ќе разговараат за актуелните теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Москва.

Според соопштението, администрацијата на Бајден е вклучена во сеопфатна дипломатија со своите европски сојузници и партнери, консултирајќи и координирајќи заеднички пристап како одговор на военото присуство на Русија на границата со Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во средата потврди дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина